Пред неколку дена регионот го потресе веста за трагедијата на црногорскиот фудбалер Илија Спасојевиќ чија сопруга Лелхај изненадно починала од инфекција на белите дробови.
Спасојевиќ, кој веќе со години игра фудбал и живее во Индонезија, за чија репрезентација настапува, пред четири дена смогнал сила јавно да се огласи по повод ужасната загуба.
Тој од својата убава и млада сопруга се збогувал со емотивна порака на Инстаграм, порачувајчи дека секогаш ќе ја сака.
„Моја прекрасна Бугис девојко…Ти благодарам за најубавото време во мојот живот, ти благодарам што ми беше најдобра сопруга и неверојатна мајка на нашите деца. Целта на мојот живот беше тебе да те направам среќна, а сега ти ветувам дека ќе те направам горда на нашите деца. Почивај во мир, јас ќе ги исполнам твоите соништа. Те сакам засекогаш“, напишал Илија во опис на фотографијата на саканата Лелхај.