12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон и Трудо демантираа дека му се потсмевале на Трамп

Британскиот премиер, Борис Џонсон, го игнорира новинарското прашање за видеото во кое тој заедно со канадскиот премиер и францускиот претседател го исмева однесувањето на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во нивно друштво во Бакингемската палата беа и холандскиот премиер, Марк Рутеи, и британската принцеза Ана, а се слуша како Трудо по повод долгата конференција на Трамп, вели: „Штотуку гледавте како им паѓаат вилиците на луѓето од неговиот тим“.

„Навистина не знам за што се работи. Тоа е целосна глупост и не знам од каде дојде тоа“, рекол Џонсон запрашан за коментар за таквите наводи.

Новинарите го прашале и Трудо да ја коментира видеоснимката, на што тој рекол дека има добри односи со Трамп. Тој објасни дека тие не се шегувале на прес-конференцијата што вчера ја одржа Трамп, туку на локацијата каде што ќе се одржи следниот самит на Г7, а тоа е Кемп Дејвид, службеното одморалиште на американскиот претседател.

Спонзорирано: