13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Актер пронајден мртов во стан, трет смртен случај на ѕвезда од Јужна Кореја во последните 7 недели

Јужнокорејскиот актер Ча Ин Ха почина на 27-годишна возраст, потврди неговата агенција „Фантагио“. Според пишувањето на медиумите, телото е пронајдено во неговиот дом, а причината за смртта сè уште не е позната.

„Тажни сме затоа што мора да објавиме тешка и трагична вест. Актерот Ча Ин Ха нè напушти на 3 декември и тешко ни е да веруваме во тоа“, велат од агенцијата.

Семејството и пријателите молат за приватност сè додека полицијата не ја испита причината за смртта.

Ова е уште еден од низата трагични и ненадејни смртни случаи на млади јужнокорејски sвезди во последните седум недели.

Минатиот месец во стан е пронајдено телото на тамошната поп-ѕвезда, 28-годишната Гоо Харе, а на 14 октомври почина три години помладата пејачка Сули.

Спонзорирано: