23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

15 американски држави се согласија да се воведе забрана за патување на Мадуро

Петнаесет американски држави се согласија синоќа да забранат патување во рамките на нивните граници за 29 Венецуелци, вклучувајќи го и претседателот Николас Мадуро и негови блиски сојузници, како дел од дипломатските напори да го принудат да поднесе оставка.

На состанокот во Богота меѓу останатите беа и претставници на Аргентина, Бразил, САД, Колумбија, Чиле и Перу, кои се потписнички на Меѓуамериканскиот договор за заемна помош (ТИАР), договор што ветува меѓусебна одбрана за членовите на Организацијата на американските држави.

На списокот за забрана за влез во 15 земји на ТИАР се најважните сојузници на Мадуро, како што е министерот за надворешни работи, секретарот за одбрана Владимир Падрин, потпретседателката Делси Родригез и Диосдада Кабела, кој е број 2 во владејачката Социјалистичка партија.

Спонзорирано: