7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Училиштeн полицаец застрела ученик кој вперил пиштол кон него

Во средно училиште во предградието на Милвоки полицаец пукал во вооружен ученик кој вперил пиштол кон него, соопшти полицијата.

Притоа е ранет 17-годишен ученик во средното училиште „Вокиша Саут“, кој е уапсен. Неговата состојба е стабилна и никој друг не е повреден во инцидентот, изјави шефот на локалната полиција Расел Џек.

Сè се случило кога еден ученик му кажал на училишниот полицаец дека неговиот другар има пиштол, а наскоро пристигнала и полицијата.

Џек не прецизирал дали другите ученици биле во училницата во моментот на инцидентот.

Полицијата соопшти дека инцидентот бил изолиран и дека не трагаат по други осомничени.

Спонзорирано: