13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Балетот „Дон Кихот“ на големата сцена на НОБ

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 6 декември на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ).

Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека креатор на костимографијата е Гана Ипатиева. Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

„Волшебна приказна за ветерници, ‘совршената’ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Станува звор за балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux, кој дава акцент на целата претстава“, се вели во најавата на НОБ.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Васил Чичијашвили (Грузија), Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Александар Петковски и Лора Тарчуговска.

Во оваа балетска претстава учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ, како и деца од балетскиот оддел на нижо и средно балетско образование при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Спонзорирано: