10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За 24 часа убиени 40 демонстранти во Ирак

Ирачките сили за безбедност убиле најмалку 40 антивладини демонстранти во последните 24 часа, додека насилството ескалира во главниот град Багдад.
Демонстрантите пред два дена го запалија иранскиот конзулат во светиот шиитски град Наџафа, во јужен Ирак, што Техеран остро го осуди.

Од тогаш насилствата ескалираа, а силите за безбедност ширум Ирак убија 36 демонстранти, додека 245 се ранети. Уште четворица демонстранти се убиени во Багдад, а повредени се 22.

Демонстрантите ја обвинуваат владата, предводена од шиитите, за корупција и изразуваат незадоволство поради лошите услуги на јавните служби и високата невработеност./Makfax

Спонзорирано: