Секогаш во средиштето на збиднувањата...

(Видео) Меркел падна додека се качуваше на бина

Германската канцеларка, Ангела Меркел, се сопна додека излегуваше на говорница и падна, а потоа се пошегува на своја сметка.

Меркел во последно време мораше да седи неколку пати во текот на интонацијата на националните химни заради здравствени проблеми, а во средата навечер, во Берлин, таа имала проблем да се качи на бината.

Кога дојде на говорницата, Меркел рече дека не ги видела скалите.

„Не ги видов скалите, ќе се качувам по нив следниот пат“, рече таа.

Меркел ова лето имаше дури три „епизоди“ на треперење кога се интонираше химната при посетите или пречекувањето на странските лидери. Оттогаш, многумина шпекулираат за здравствената состојба на германската канцеларка./Makfax