5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

Нови земјотреси во Албанија

Четири дена по катастрофалниот земјотрес, албанското тло сѐ уште не мирува. Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени ја погоди синоќа Албанија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот, што се случил во 21:37 часот, бил на 28 километри северозападно од Тирана на длабочина од околу 10 километри.

Неколку минути подоцна уште еден земјотрес со јачина од 3,3 степени ја погодил земјата, а неговиот епицентар бил на длабочина од 21 километар, на 15 километри северозападно од Тирана. Истото подрачје во попладневните часови го погоди земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер.

Во силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември, загинаа 47 лица, а повредени се повеќе од 2.000 лица.

Спонзорирано: