12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж ја убил сопругата која работела како новинарка зошто не сакала да даде отказ

Маж во Паскитан ја убил сопругата која работела како новинарка затоа што не сакала да даде отказ. Тој ја застрелал со огнено оружје откако неколку пати од неа барал да ја напушти работата. Убиството се случило во понеделникот, на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жени и девојчиња.

Полицијата соопшти дека мажот е приведен и обвинет за убиство.

Меѓународната федерација на новинари го повика Пакистан да спроведе истрага за убиството на Уруј Икбал, која работела во локален весник.

Нејзиното семејство рекло дека таа била во полиција и го пријавила сопругот дека ја малтретира, но ништо не било преземено.

Пакистанките често пати се соочуваат со вознемирување на работното место, но многу престапници избегнуваат казна затоа што жртвите не ги пријавуваат за да избегнат понатамошна социјална стигма./Makfax

Спонзорирано: