13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ контра Пентагон: Никој во мое име нема да носи одлуки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, порача дека притисоците врз Србија и обвиненијата што доаѓаат од разни страни зборуваат за исправноста и силата на српската политика на самостојност и независност.

Прашан за коментар за извештајот на Пентагон и предупредувањето упатено до него поради соработката со Русија и тоа во миг кога од друга страна е критикуван за влошувањето на односите со Русија, Вучиќ истакна дека одлуките за Србија ќе продолжат да ги носат граѓаните на Србија, без оглед на притисоците.

„Тие притисоци и обвиненија од целиот свет – од Америка дека сме блиски со Русите, а некои во земјата зборуваат дека сме против Русите. Јас мислам дека тоа доволно кажува за исправноста и силата на српската политика“, рече Вучиќ и додаде дека силата во нивната самостојност и независност е во тоа што самите носат одлуки.

„Никој во мое име нема да носи одлуки ни во Вашингтон, ни во Брисел, ни во Москва, ни каде било на друго место“, нагласи тој.

Вучиќ додаде дека Србија ќе продолжи да соработува со светот додавајќи дека набргу со САД ќе бидат потпишани важни договори за изградба на коридор недалеку од Крагуевац, како и дека ќе отпатува во Сочи на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Медиумите вчера објавија информација за извештајот на Пентагон, во кој се оценува дека Србија е најпопустливото опкружување во регионот на Западен Балкан./Makfax

Спонзорирано: