9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

Во Јадранското Море имало 77 земјотреси во последните 63 часа

Албанија денеска за половина час ја погодиле два земјотресa со јачина од 4,5 и 4,9 степени според Рихтер. Последниот бил забележан во 11.52 часот, што според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар бил 77. земјотрес во Јадранското Море кој се почувствувал во последните 63 часа.

Епицентарот на земјотресот бил 39 километри западно од Тирана.

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Албанија е зголемен на 41, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита, повредени се 658 лица.

Синоќа, десет минути пред полноќ, во Црна Гора се почувствувал земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер тресејќи ја истата област каде што беа регистрирани повеќето земјотреси во вторникот.

Спонзорирано: