20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трајна забрана за ментол-цигарите во САД и за ароматизираните течности за електронските цигари

Масачусетс е првата сојузна држава во САД што трајно забранува продажба на ароматизирани течности за електронски цигари и ароматизирани производи од тутун, вклучително и на популарните цигари од ментол.

Гувернерот на Масачусетс потпиша закон, кој претставува одговор на неодамнешните смртни случаи поврзани со е-цигари, со цел да се намали интересот за пушење кај младите луѓе. Групи од активисти против пушењето го поздравија потпишувањето на забраната на гувернерот Чарли Бејкер, која веднаш стапува во сила за продажба на ароматизирани производи од е-цигари, а забраната за цигари од ментол ќе се применува од 1 јуни 2020 година.

Некои американски држави имаат привремена забрана на ароматизиран тутун или на одредени производи, но Масачусетс е првата држава што прогласи трајна забрана. Особено интересна е забраната за ментол, кој е меѓу најпопуларните вкусови и честопати беше ослободен од други забрани претходно.

Претседателот Доналд Трамп со месеци ветува дека ќе ја одобри општата забрана за употреба на ароматизираните течности за е-цигари во САД. Но, во последните неколку недели неговата администрација, дури и ја откажа најавата за ваква забрана, а Трамп рече дека наместо тоа, ќе се состане со претставници на производителите на е-цигари и медицински лица.

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести поврзани со употреба на овие производи. Единствените вкусови што ќе може да се купат ќе бидат тутун и ментол. Сојузната држава Мичиген исто така одобри забрана на продажба на е-цигари со вкусови, но мерката сè уште официјално не е стапена во сила. Забраната во Мичиген исто така опфаќа опишување на овие производи како чисти, безбедни, безопасни и здрави, како и нивно рекламирање во близина на продавници за слатки, храна и за безалкохолни пијалаци.

Во САД има речиси 400 потврдени и сомнителни случаи на болести поврзани со употреба на е-цигари вклучувајќи најмалку шест смртни случаи. Електронските цигари се продаваат како побезбедна опција за обичните цигари. Американските санитарни служби го предупредија најголемиот производител на е-цигари, ЈУУЛ, да не ги употребува овие тврдења затоа што не се докажани./Makfax

Спонзорирано: