12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинез имал напади по јадење супа, во мозокот му пронашле црви

Градежен работник од Кина на возраст од 46-години доживеал напади откако јадел супа од свинско и овчо месо, а подоцна било откриено дека има црви во мозокот.

Пред околу еден месец, пациентот, чие вистинско име не се објавува, во градот Кужоу купил свинско и овчо месо за да направи зачинета супа, се вели во соопштението објавено од универзитетската болница Жеџијанг минатата недела.

Неколку дена подоцна, тој почнал да чувствува вртоглавица и главоболки, а во текот на ноќта имал напади слични на епилепсија.

Работниците со кои работел го забележале кога имал еден таков напад и брзо го однеле во блиската болница, каде скенирањето покажало дека има калцификации и лезии на черепот.

Пациентот после тоа одбил дополнителни испитувања, не сакајќи да потроши повеќе пари и се вратил дома, јавува Си-ен-ен.

Сепак, вртоглавицата, главоболките и нападите продолжиле, па тој на крајот одлучил да оди во универзитетската болница во Жеџијанг, каде лекарите извршиле скенирање на магнетна резонанца која покажала тенија во мозокот.

Лекарите претпоставуваат дека истата настанала затоа што јадел свинско и овчо кое содржело ларви од овој црв. Ларвите влегле во неговото тело, прво во цревата, а потоа во мозокот, бидејќи јадењето не било доволно зготвено.

„Само малку се одморав“, изјавил пациентот кој подоцна целосно се опоравил откако лекарите ја отстраниле тенијата од неговото тело.

Спонзорирано: