14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТИЗБОР

Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се искачи на 35 лица

Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се искачи на 35 лица, објави весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци. Претходно беше соопштено дека има за 27 загинати и над 650 повредени.

Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу синоќа рече дека здравствената состојба на осуммина е сериозна.Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна нега.

Тлото на Балканот не мирува, податоците објавени на страницата на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека од синоќа во 19 часот до изутринава се регистрирани 15 земјотреси во регионот, од кои најголем број се во Јадранското море и во Албанија, а се тресеше тлото и во Грција и во Хрватска./Makfax

Спонзорирано: