19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Кина се урна тунел во изградба, загинаа четворица работници

Четири лица загинаа во Кина кога се урна тунелот во изградба на автопатот во југозападниот дел на земјата, соопштија денеска властите додавајќи дека осуммина се пријавени за исчезнати.

За време на работата синоќа, од тунелот во провинцијата Јунан избил порој од вода и кал, при што останале заробени 13 работници.

Локалните власти соопштија дека пет лица биле извлечени од урнатините, но само едно преживеало.

Во тек е акција за спасување, а ангажирани се и кучиња трагачи./Makfax

Спонзорирано: