9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во Албанија за 48 часа регистрирани 310 земјотреси

Во Албанија сè уште се трага по исчезнати луѓе по серијата силни земјотреси, кои почнаа вчера во раните утрински часови со најсилниот со интензитет од 6,4 степени по Рихтер.

Според најновите податоци, досега се евидентирани најмалку 29 загинати. Повеќе од 650 лица се повредени, а бројот на загинати се очекува да порасне.

Според Агенцијата за цивилна заштита, во изминатите 48 часа Албанија била погодена од дури 310 земјотреси.

Силен земјотрес утрово ја погоди и Грција.

Епицентарот на земјотресот бил кај островот Крит со јачина од 6,1 степен според Рихтер, соопшти EMSC, а бил почувствуван и во Атина./Makfax

Спонзорирано: