13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пробудените вулкани во Италија се виновници за земјотресите во регионот?

„Неодамнешните вулкански ерупции во Италија ослободија голема количина на енергија, предизвикувајќи изместените тектонски плочи да ја задржат својата рамнотежа поради енергетските бранови, поради што доаѓа до тресење и лулање на едната плоча, односно земјотрес“, го објаснува потеклото на земјотресите во регионот, директорот на Геолошкиот завод на Србија, Драгоман Рабреновиќ.

Рабреновиќ потсетува дека земјотресите се процеси на површината на земјината кора, дека се краткотрајни и брзи и се случуваат кога се ослободува одредена количина на енергија што се акумулира во подлабоките слоеви на земјината кора.

Тој вели дека рече изместените тектонски плочи можат да укажат на можни процеси, додавајќи дека областа во близина на Драч припаѓа на јужната јадранска плоча, која е тектонски формирана во најмладиот дел од геолошката историја.

„Таа денеска е многу сеизмички активна“, забележува соговорникот за N1.

Укажувајќи на картата за историјата на земјотресите во регионот, директорот на Геолошкиот завод посочува дека најсилните земјотреси со јачина од 5 до 7 степени според Рихтер се случиле по истата линија./Makfax

Спонзорирано: