23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Изгласана новата Европска комисија

Европскиот парламент во Стразбур го изгласа новиот состав на Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен и 26 нови комесари.

Со 461 глас „за“, 157 против и 89 воздржани, беше потврдена новата Европска комисија.

Во пресрет на гласањето, новоизбраната претседателка на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, на парламентарците им го претстави својот кабинет и програма.

„Треба да им покажеме на нашите пријатели на Западен Балкан дека споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и ќе ја споделиме истата судбина. Нашите врати остануваат отворени“, рече Фон дер Лејен во својот воведен говор при претставувањето на програмата на новото свикување на Европската комисија./Makfax

Спонзорирано: