18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган го повика целиот исламски свет да ја поддржи Албанија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на донаторска конференција на муслиманските земји, за да ѝ помогне на Албанија да се справи со последиците од вчерашниот катастрофален земјотрес.

Ердоган го упати повикот за време на воведното обраќање на годишниот состанок на Организацијата за исламска соработка, на кој се разговараше за економски прашања.

Ердоган рече: „Го повикувам целиот исламски свет да ја поддржи Албанија“.

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија загинаа најмалку 25 луѓе, а повредени се повеќе од 600.

„Сите ние мора да застанеме покрај Албанија во лекувањето на повредените или да ги заштитиме оние чии домови се уништени или оштетени“, рече Ердоган.

Турскиот лидер додаде дека Турција испратила воени товарни авиони, екипи за итни случаи и конвои за хуманитарна помош во Албанија./Makfax

Спонзорирано: