13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најмалку девет жртви во Албанија, пристигнува помош од целиот регион

Според најновиот биланс, девет лица загинаа во земјотресот што ја погоди Албанија рано утрово, изјави албанската новинарка Ергиса Бејколари за „Танјуг“.

Како што рече таа, најголем број жртви, но и најголема штета, има во албанските градови Тумане, Курбин, Драч, Фуше Крује, Леже и Фиер.

Бајколари рече дека лидерите од целиот свет и од регионот, вклучително и Србија, нудат и испраќаат помош во Албанија.

„Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, и грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, веќе испратија авиони со специјални тимови за итни случаи. Францускиот претседател, Емануел Макрон, и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изразија подготвеност да дадат каква било помош“, рече Бeјколари.

Таа исто така истакна дека и Амбасадата на Соединетите Држави и Делегацијата на ЕУ во Тирана се ставени на располагање за помош.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, ги ангажира косовските безбедносни сили за помош во кризните области во извлекувањето на луѓето од урнатините.

„Црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, најави дека специјален тим за помош на повредените веќе се упатил кон Албанија, а специјалниот тим за итни случаи пристигнува исто така од Србија“, рече таа.

Таа рече дека продолжува работата на терен за спасување на луѓето од урнатините и обезбедување помош.

„Постои голема потреба од медицински персонал, облека и друга поддршка за оние што сега се оставени на улиците бидејќи земјотресот ги уништи нивните домови“, заклучи Бајкалари./Makfax

Спонзорирано: