20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Путин: Христијанството и исламот се темелат врз исти вредности

Православното христијанство и исламот се темелат врз исти вредности, изјави рускиот претседател, Владимир Путин во обраќање на верска конференција во Киргистан.

Конференцијата насловена „Православие и ислам – религии на мирот“ има за цел да го промовира меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог помеѓу Русија и Киргистан.

„Исламот и православното христијанство, како и другите светски религии, се базираат на фундаменталните хуманистички вредности кои имаат трајно значење на милосрдие и љубов кон ближните, правдата и почитта кон човековите битија“, изјави Путин.

Тој додаде дека од суштинско значење е зачувувањето на односите помеѓу двете земји, како и соработката на религиските организации во заштита на мирот и меѓусебното договарање./Makfax

Спонзорирано: