10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Локални избори во Хонг Конг по петмесечните протести

Повеќе од 4,13 милиони гласачи во Хонг Конг денеска излегуваат на локалните избори, по петмесечните протести низ градот.

Окружните совети се пониските владини тела што се грижат за локалните проблеми, како градскиот превоз и објектите за рекреација. Имаат четиригодишен мандат, а еден совет е недлежен за секој од 18-те дистрикти во градот Хонг Конг.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, во вторникот изјави дека администрацијата се надева дека ќе има избори, се додека тие можат да се спроведат на правичен и безбеден начин.

Според сегашниот изборен систем, жителите можат да избираат 94 отсто од местата во окружниот совет и половина во законодавниот (градскиот парламент).

Лидерот на градот може да биде номиниран и избран само од страна на комитет што има 1.200 членови, главно од прокинеската елита во градот.

Опозицијата се обидува да ја натера кинеската Влада да ја почитува целосната демократија за која вели дека им е ветена со Основниот закон, или мини Уставот на градот, што на жителите им дава право сами да го изберат својот лидер. Тоа е всушност едно од петте главни барања на демонстрантите и една од причините за претходните продемократски протести во 2014 година./Makfax

Спонзорирано: