5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги игнорира барањата на глувите

Зоран Заев и СДСМ не покажаа грижа за глувонемите лица. Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука додаваат дека додатокот за глувонеми лица, што бил воведен од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ, не е зголемен, а толкувачите на знаковиот јазик исто така често се оставаат без примања.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека „игнорантниот однос на оваа власт кон глувонемите ги револтира и маргинализира“.

Политичката партија додава дека во програмата за предвремените парламентарни работи ќе предвидат и реализираат покачување на додатокот за глувонеми лица од 4.000 на 6.000 денари, односно негово покачување за 50 отсто, понатаму измени во Законот за знаковен јазик со кои ќе се префрлат сите толкувачи под Министерството за правда, воведување сервисни центри кои ќе им обезбедат толкувачи за глувите лица за сите нивни потреби, организирање редовни обуки за изуување на знаковен јазик, како што е предвидено заради остручување на доволен број толкувачи кои ќе можат да ги опслужуваат глувите лица, предвидување на буџет за ангажирање на толкувачи во судовите, обвинителствата и МВР./Makfax

Спонзорирано: