18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Алијансата е со 20 пати поголем буџет од Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека заедничкиот буџет на НАТО е 20 пати поголем од рускиот, пренесоа руските медиуми.

„Кога зборуваме за бројки, ние сме ефикасен сојуз со ефиканска војска, но и висината на трошоците ни е повисока, што го отсликува повисокиот животен стандард. Доколку ги споредите платите и трошоците за живот меѓу земјите членки и Русија, очигледно е дека трошоците се повисоки во државите членки на НАТО“, вели Столтенберг.

Руските медиуми пренесуваат дека НАТО планира да продолжи да вложува толку колку што е неопходно за оддржување на воената моќ и соодветно на одбраната на земјите членки.

Зборувајќи за претходната изјава дека и покрај тоа што алијансата во 2018 година потрошила трилион долари за одбраната, Столтенберг најавува дека НАТО планира да потроши дополнителни 100 милијарди во 2020 година и да ги оддржи своите напори и уште повеќе да го зголеми буџетот./Makfax

Спонзорирано: