20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја одби да присуствува на самитот на АСЕАН

Северна Кореја ја одби поканата за лидерот Ким Џонг-ун да присуствува на планираниот самит во Сеул со земјите на југоисточна Азија (АСЕАН) следната недела, велејќи дека сега не е време поради затегнатите односи, објавија денес севернокорејските медиуми.

Повикот на Ким му го упатил претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин на 5 ноември.

Следната недела, во Бусан, Јужна Кореја, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите на АСЕАН, за да ја одбележат 30-годишнината на организацијата, а во оваа пригода Мун го повика Ким.

Како што објавија од севернокорејската агенција КЦНА, Северна Кореја се заблагодарила на поканата и побарала од Јужна Кореја да разбере дека не може да најде никаква легитимна причина за учество на Ким.

„Зачудувачки е што тие предложија да се разговараат за меѓукорејските односи на една несоодветна мултилатерална локација, дури и откако доживеаја неуспеси потпирајќи се на САД“, наведува КЦНА./Makfax

Спонзорирано: