11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руска фондација: „Белите шлемови“ тргуваат со човечки органи во Сирија

Невладината организација „Бели шлемови“ е вклучена во трговија со органи на Сиријци кои живеат во зоните што се под контрола на екстремистите, според Максим Григориев, директор на руската Фондација за проучување на демократијата.

Тој ова го рече при презентирање на истражувањето „Белите шлемови: Терористички поттикнувања и извори на дезинформации“ во руското Министерство за надворешни работи, за кое предговорот го напишал рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Тие (Белите шлемови) се клучен елемент во оваа нелегална шема на отстранување органи. За тоа слушнавме од луѓето со кои разговаравме. Тие информации беа непријатно изненадување за нас “, рече Григориев.

Според него, истражувачите ги добиле овие информации додека разговарале со жители на сирискиот регион каде што се најактивни Белите шлемови.

Григориев и истражувачите интервјуирале повеќе од 100 жители на Алепо, Дамаск, Деир ел Зора и Сакба, како и 40 членови на Белите шлемови и околу 20 членови на вооружените групи.

Григориев рече дека сведоците изјавиле дека Белите шлемови биле вклучени во евакуацијата на луѓето за кои ветиле медицинска помош по што нивните роднини ги добиле нивните тела без некои витални органи.

Тој додаде дека коосновачот на „Белите шлемови“, Џејмс ле Мезурија, кој неодамна починал под сомнителни околности, бил во поранешна Југославија кон крајот на 1990-тите, кога во Косово се одвивала трговија со човечки органи./Makfax

Спонзорирано: