11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија се огласи по аферата за шпионажа во Србија

Односите со Србија се партнерски и од братски карактер. Ништо не може да влијае на тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со истрагата за снимката на која се гледа како руски разузнавач наводно му дава пари на српски агент.

Тој рече дека Русија не знае за каков инцидент станува збор и дека тоа допрва треба да биде утврдено.

„Тоа не е прашање со кое се занимава претседателството“, вели Песков.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како руски разузнавач, наводно, му дава пари на високопозициониран српски службеник. Видеото го објави бугарски новинар, а автентичноста на снимката и идентитетот на рускиот агент, кој работел во Амбасадата на Русија, го потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Министерот за одбрана, Александар Вулин, рече дека ситуацијата е многу сериозна, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа итна седница на Советот за национална безбедност, по која се очекуваат повеќе информации./Makfax

Спонзорирано: