3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж со пушка предизвика вонредна состојба во Берлин

Берлинската полиција распореди единици за тактички одговор околу бегалски камп, откако бил забележан маж со автоматска пушка. Подоцна било утврдено дека се работи за реплика.

Портпаролката на полицијата, Патриција Бремер, рекла дека полицаец, кој не бил на должност во тој момент, забележал преку прозорец маж со пушка како позира за фотографирање, за кого рекол дека изгледал опасно, поради што веднаш ги известил колегите.

Околу 30 полицајци веднаш дошле на лице место, каде затекнале двајца мажи со воздушна пушка и муниција, за која подоцна се утврдило дека не е вистинска.
Против двајцата мажи, на возраст од 27 и 29 години, се води истрага поради сомневање дека го прекршиле Законот за вооружување, според кој е забрането да се прикажува реплика на оружје во јавност./Makfax

Спонзорирано: