23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајк Помпео ќе поднесе оставка

Американскиот државен секретар Мајк Помпео наскоро би можел да поднесе оставка и да го напушти тимот на Доналд Трамп, пренесува „Тајмс“.

Првично, Помпео се очекуваше да остане на функцијата до следната пролет, но појавата на закана за импичмент на шефт на Белата куќа ги смени неговите планови, според американското списание.

Државниот секретар, наводно, има намера да се фокусира на изборот на сенатор во Канзас, а настаните поврзани со Трамп му нанесуваат политичка штета.

Одамна се зборува дека Помпео ја напушта функцијата, велат новинарите, но досега нема потврда дека државниот секретар разговарал за неговите планови со актуелниот претседател.

Ситуацијата е влошена со фактот дека Доналд Трамп е незадоволен од неспособноста на Помпео да влијае на скандалот со Украина, заклучува „Тајмс“./Makfax

Спонзорирано: