3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кучка врзана со денови без храна и вода си ја изела сопствената шепа

Кучката што сопственикот ја оставил врзана во градината без храна и вода си ја одгризла предната шепа.

Кучката по име Зои била забележана од доставувач во Њујорк кој веднаш ја известил полицијата за нејзината состојба, пренесува „Метро“.

Членовите на Здружението за превенција на суровост спрема животните откриле дека таа е во толку сериозна состојба што веднаш ја однеле на операција. Во желудникот ѝ биле пронајдени парчиња коска за кои се верува дека се остатоци од нејзината шепа.

Таа била врзана со синџир за кол кој бил забиен во земја, а околу неа немало никаква храна. Нејзината карлица беше смрзната и покриена со снег.

Ветеринарниот факултет Корнел ја презел грижата за кучката, а нејзиниот сопственик Карл Причард е обвинет за тортура на животни и треба да се појави на суд на 4 декември.

Планирано е кучката да вдоми откако ќе закрепне./Makfax

Спонзорирано: