9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Убиен синот на поранешниот германски претседател додека предавал медицина во болница

Синот на поранешниот претседател на Германија Рихард фон Вајцзекер, Фриц, синоќа бил избоден до смрт за време на предавање во болницата во која бил вработен. Фриц фон Вајцзекер починал на местото на настанот, а напаѓачот е уапсен. Поголем број лица од публиката ѝ помогнале на полицијата да го приведе напаѓачот.

Во инцидентот потешко повредено е уште еден човек, кој застанал помеѓу напаѓачот и Фриц Вајцзекер.

Фриц фон Вајцзекер од 2005 година беше главен лекар на одделението за интерна медицина во приватната болница „Шлоспарк“, во која е убиен. Во болницата редовно се одржуваат предавања за луѓе кои не се поврзани со медицината, а сакаат да дознаат повеќе за болестите, дијагнозите и терапиите.

Таткото на жртвата, Рихард фон Вајцзекер, од 1981 до 1984 година беше градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година беше претседател на Германија./Makfax