8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Проширувањето на „Пластичарска“ е мој проект

Тешко градот кој што три години прави проект. Ако вие за осум години сте реконструирале 22 километри, јас за две години сум реконструирал 15 километри, му рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на ексградоначалникот Коце Трајановски во ТВ дуел во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Трајановски пак, му огдовори дека не е точно и дека за две години тој имал реконструирано 18.3 километри, а Шилегов 14.8 километри.

„Кога ве пуштаат вака на емисии, кога сте одлучиле да дојдете во емисија, барем требало да ви кажат, или да ја пратат состојбата. Ако ја пратите состојбата, ќе знаете дека овој град има изградба на тунели под кале, во оментов се цртаат тунелите. Има електронска лицитација утре за проширување на „Пластичарска улица“. Пред нова година ќе почнеме со ширење на улицата, требало да ви кажат. Вие како човек што го водел градот скоро девет години имате елементарно непознавање. Ако ние сме извршиле модификација на инфраструктурниот дел, имаме постапка за изведба, сега постапка за изведувач. Втората работа што треба да ја знаете, е дека се цртаат изведбените проекти за продолжение од „Пластичаркса“ до касарна Илинден. Во мај месец ќе влеземе во изградба“, рече Шилегов.

Трајановски му возврати дека е возрасен човек и дека не треба никој да му дозволи да се појави на емисија. Рече дека го навредил со ставот дека нема елементарно познавање, на што Шилегов му рече дека тој самиот така се претставил во моментот и дека не сакал поранешниот градоначалник да изгледа така. За проширувањето на „Пластичарска“, Трајановски рече дека е негов проект, на што Шилегов возврати дека не е неговиот проект, туку е модифициран.

Спонзорирано: