10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Коце дозволил да се потрошат 18 милиони евра за фасади

Во ТВ дуелот на Канал 5 Телевизија сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и поранешниот Коце Трајановски, разговараат за состојбите на Град Скопје.

Меѓу другото се споменуваат огромни цифри, со кои се правеле малверзации во минатото со Јавните претпријатија.

Шилегов се пожали дека наследил лоша ситуација, каде се трошеле оргомни суми пари за фасади.

-Да не зборувам за незаконското зголемување на цената којашто ЈП „Комунална хигиена“, треба да ја плаќа во Дрисла, и ја плаќа. Јас наследив ситуација во која поранешниот градоначалник на Скопје, дозволил да се потрошат 18 милиони евра за фасади на централното градско подрачје- рече Шилегов.

Ова Трајановски го негираше, и рече дека Шилегов е грешка, и напомена дека била опасна ситуацијата, човек да не погледе нагоре, од страв дека ќе му паднело нешто врз глава.

-Тоа беше втора фаза, не смееше човек да погледене нагоре, ќе му паднеше нешто, ќе му скршеше глава. Прво не е точно тоа што го збори Шилегов за Јавните претпријатија, а тоа со ЈП „Паркови и зеленило“ мора на некој начин да се реши. Ние успеавме, за да го зголемиме процентот, којшто ЈП „Водовод“ треба да го дава на ЈП „Паркови и зеленило“, затоа што нема посебна ставка во комунилиите што ги плаќаме ние. Од тоа што е наменето за вода оди за ЈП „Паркови и зеленило“. Ова претпријатие е затечено со многу голем долг- рече Трајановски.

Спонзорирано: