13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обид за киднапирање на фудбалер во Нов Белград

Белградската полиција уапси две момчиња во Калуѓерица под сомнение дека синоќа околу 3 часот по полноќ, се обиделе да го киднапираат 20-годишниот фудбалер Алекса Терзиќ, млад српски репрезентативец и до неодамна играч на „Црвена ѕвезда“ , пренесе „Блиц“.

Според првичните информации, најпрво настанала расправија, а потоа и несреќа кога „ауди“ удрило во автомобилот на фудбалерот, марка „бе-ем-ве“, во кое бил сам.

Според „Блиц“, кога младиот фудбелер излегол од автомобилот, тие се обиделе да го стават во багажникот, меѓутоа, тој успеал да се оттргне и да избега.

Двајцата млади момчиња потоа го зеле неговиот автомобил и избегале кон белградската населба Калуѓерица, каде подоцна биле уапсени откако фудбалерот случајот го пријавил во полиција./Makfax

Спонзорирано: