9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индиец облекол пилотска униформа од „Луфтханза“ за да избегне контрола

Патник од Индија се сетил да облече униформа на пилот на „Луфтханза“ за да избегне контрола, брзо се качил во авионот и направил трансфер во повисока класа, а бил уапсен во Њу Делхи.

Рајан Махбубани (48) носел пилотска униформа и имал фалсификувана картичка на „Луфтханза“, кога вчера бил уапсен на аеродромот во главниот град, објави заменик-началникот на полицијата, Сањај Батија.

Махбубани е задржан на излезната врата од летот кон Калкута, откако шефот за безбедност на „Луфтханза“ предупредил за „сомнително движење на патниците во униформите на компанијата „Луфтханза“.

За време на испрашувањето, Махбубани открил дека често патувал и дека носел униформа за да избегне долги линии на контроли на патниците и потемелни контроли на кои им биле подложени другите патници./Makfax