9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок во Брисел ќе испратат силна позитивна порака до Западен Балкан, кога се работи за европската перспектива за земјите од регионот.

„ЕУ нема да го сврти грбот на Западен Балкан“, порача Тупураинен.

На состанокот на Советот за општи работи, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на политиката за проширување и пристапните процеси.

Се очекува француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншалан, да ги претстави предлозите на официјален Париз за промена на методологијата за проширување.

Франција минатата недела до земјите членки на ЕУ достави за разгледување таканаречен „нон-пејпер“ или предлог за дискусија, во кој беа наведени четири принципи што Париз ги смета за основа за новата методологија за проширување на ЕУ./Makfax

Спонзорирано: