11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Неверојатни фотографии од Сиднеј, градот се разбуди обвиен во чад

Поради силниот ветер, десетици пожари беснеат на источниот брег на Австралија, што предизвика Сиднеј да биде обвиен од штетен облак од чад, а властите ги предупредуваат жителите на најголемиот град во Австралија дека постои опасност по нивното здравје.

Во некои делови на Сиднеј концентрацијата на чад е десет пати поголема од дозволената, соопштија официјални лица.

Шумските пожари во оваа област претходниве недели изгореа околу милион хектари обработливо земјиште и ниска вегетација.

Силен ветер разгорува околу 60 пожари во Нов Јужен Велс.

„За повеќето луѓе, чадот предизвикува благи симптоми во очите, носот и грлото. Но, луѓето со астма или ангина се далеку почувствителни на ефектите од чадот“, вели Ричард Брум, директор на одделот за здравство и животна средина во Нов Јужен Велс.

На терен со повеќе од 1.300 пожарникари, а во седум области на сила е целосна забрана за палење оган на отворено, бидејќи се очекува да продолжи сувото, топло и ветровито време, соопшти пожарникарската служба./Makfax

Спонзорирано: