4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: Изградбата на израелски населби на Западниот Брег е незаконска

Европската Унија верува дека израелското населување на окупираната палестинска територија е нелегално според меѓународното право и претставува закана на можноста за траен мир, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.

ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите активности за населување, во согласност со своите обврски како окупациска сила.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера нагласи дека планира да објави дека САД ја олеснуваат својата позиција за изградба на израелските населби во окупираниот Западен Брег и дека САД ќе отфрлат правно мислење на Стејт департментот во 1978 година дека изградбата на населби во окупираните територии не е во согласност со меѓународно право./Makfax