12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Јато птици соборија „миг 29“

Ловец на индиското воено воздухопловство „миг 29К“ стана жртва на птици за време на училишен лет во подрачјето на летувалиштето Гоа.

Како што пишува „Дифенс ворлд“, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Индија, јато птици го „нападнале“ авионот, веднаш по полетувањето од авиобазата.

За време на инцидентот двата мотора се запалиле, пилотите го свртеле леталото од населените места и потоа се катапултирале.

Военото воздухопловство не смета дека инцидентот на некој начин е поврзан со технички проблеми на моторите или на авионот./Makfax

Спонзорирано: