5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Издаден налог за апсење на 133 воени офицери во Турција

Турското обвинителство издаде налог за апсење на 133 воени офицери осомничени за врска со мрежата на имамот Фејтула Ѓулен, кого Анкара го обвини за обид за пуч во 2016 година.

Турската агенција соопшти дека 101 осомничен се приведени во истовремени рации во 45 провинции, а полицијата трага по уште 32 осомничени.

Меѓу осомничените, 82 се офицери кои моментно служат во војската. АП додава дека меѓу нив се тројца полковници, пет мајори и пет поручници.

Околу 77.000 луѓе се уапсени, а 130.000, меѓу кои и припадници на воен персонал, беа отпуштени во последните три години од неуспешниот пуч.

Ѓулен, кој живее во егзил од Пенсилванија од 1999 година, негира дека има врска со неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година./Makfax

Спонзорирано: