11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција ги обвинува Курдите за ослободување на 800 терористи

Турција ги обвини курдските единици дека ослободиле повеќе од 800 милитанти на т.н. Исламска држава во Сирија.

„Турција е единствениот партнер на НАТО и меѓународната коалиција во борбата против Исламската држава и неутрализира повеќе од 4.000 припадници на таа терористичка организација во Ирак и Сирија. Од друга страна, Курдистанската работничка партија и единиците за безбедност ослободија повеќе од 800 затвореници само во Тел Абијад “, се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Уште откога започна воената операција во североисточниот дел на Сирија, Анкара ги обвинува курдските единици за ослободување на милитантите од локалните затвори.

Курдите реагираат дека екстремистите успеваат да избегаат бидејќи при нападот на турската армија доаѓа до гранатирање и оштетување на затворите.

Според неодамнешните проценки, во тоа подрачје се затворени околу 11.000 милитанти, вклучително и околу 9.000 Сиријци и Ирачани, како и 2.000 лица од околу 50 други земји./Makfax

Спонзорирано: