4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Аријана Гранде ја прекина турнејата поради болест

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде ја прекина турнејата поради влошено здравје. Таа на „Инстаграм“ објави дека е болна, а на фановите им откри дека чувствува остра болка во грлото уште од настапот во Лондон во август.

Пејачката вели дека гласот ѝ звучел добро, но дека поради болест не можела да дише на сцената и од тогаш се посомневала дали ќе може да продолжи со концертите. Таа порача дека состојбата ѝ се влошила и дека ќе мора да го откаже настапот во Кентаки.

Аријана вели дека болест без дијагноза е грозно чувство и дека не може да голта ниту да ја крене главата.

Иако сè уште не е сигурна што ги предизвикало нејзините здравствени проблеми, таа им вети на фановите дека ќе им се обрати веднаш штом ќе открие што ѝ се случува со организмот./Makfax