19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Американска бизнисменка: Џонсон ме отфрли како да сум гремлин

Американската бизнисменка, Џенифер Аркјури, која се најде во центарот на вниманието на јавноста поради нејзината наводна врска со британскиот премиер Борис Џонсон, неодамна револтирано рече дека Џонсон ја отфрлил како да е гремлин.

Аркајури во интервју за телевизијата ИТВ рече дека Џонсон ја игнорирал кога се обидела да разговара со него за тоа како да се справи со пишувањето на медиумите дека имала посебен третман поради нејзините врски со Џонсон, во времето кога тој бил градоначалник на Лондон. Сепак, таа одбива јавно да каже дали пријателството било од интимна природа.

„Ги чував твоите тајни, бев твој пријател… И целосно сум скршена од начинот на кој ме отфрли како да сум некој гремлин“, му порача Аркаjури на британскиот премиер.

Џонсон претходно изјави дека нема ништо несоодветно во неговата врска со Аркјури во времето кога тој бил градоначалник на Лондон, иако медиумите обвинија дека поради врката со неа тој влијаел нејзината компанија да добива субвенции и други поволности.

Спонзорирано: