9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Венеција се подготвува за нов воден удар, нивото ќе се зголеми до еден и пол метар

Нивото на водата во Венеција повторно расте кога пред три дена беше забележано највисоко ниво на поплави во последните 50 години.

Се предвидува водата денеска да се искачи на 160 сантиметри, што е многу над нормалната граница.

На плоштадот Свети Марко водата сега им достига до колената на минувачите.

Италијанската влада прогласи вонредна состојба во Венеција кога нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.

Поплавите во Венеција се предизвикани од обилните дождови, полната Месечина, високата плима и ветерот.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро предупреди за сериозни штети.

„Ситуацијата е драматична. Ќе побараме од владата да ни помогне зашто цената ќе биде висока“, напиша Бруњаро на „Твитер“./Makfax

Спонзорирано: