15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Снежна бура во Франција: Еден загинат, 300 000 домови останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железниќкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија заради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно лице загина, при обид да отстрани паднато дрво на патот, при што врз него паднало друго дрво, соопштија властите во регионот Роне-Алп.

Без струја останаа жителите на четири области на југоистокот на земјата, соопшти електродистрибуционата компанија „Енедис“.

„Нашите екипи се на терен, а ситуацијата постојано се менува“, се вели во соопштението.

Метеоролошката служба предвидува формирање на снежна покривка висока 20 сантиметри во пониските предели и до 30 сантиметри во повисоките области.

Спонзорирано: