4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради говор на омраза исклучени осум членови на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб ХДЗ синоќа донесе одлука да исклучи од партијата осум членови поради говор на омраза на социјалните мрежи, јави Хина.

На ова му претходела телефонска седница на загребскиот ХДЗ и претседателствата на градските организации кои го освоиле предлогот на партијата. По одлуката на Градскиот суд на честа, исклучените членови можат да се жалат до Високиот суд на честа, кој може да ја потврди или да ја отфрли иеречената мерка.

Откако изби аферата на WhatsApp, раководството на ХДЗ одлучи да ги санкционира сите членови на партијата кои шират говор на омраза на WhatsApp, Viber и Facebook, се заканија или повикаа да се гласа за други кандидати, а не за претседателскиот кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар Китаровиќ./Makfax