13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полската полиција евакуираше училиште и зграда откако пронајде експлозив во стан

Според полското радио „РМФ ФМ“, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани откако полицајците откриле неидентификуван експлозив во еден од становите за време на полициската операција.

Извештаите посочуваат дека човекот кој го поседува станот каде што биле пронајдени експлозивите бил приведен пред почетокот на операцијата.

Во моментот, полицијата го транспортира експлозивот во лабораторија за да го идентификува агенсот користен за нивно создавање. Нема официјални информации за тоа какви планови имал осомничениот за експлозивите./Makfax

Спонзорирано: