3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кумановски возач скокнал од камион за да се спаси откако изгубил контрола

Кумановец на возраст од 43 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила додека управувал камион на патот во изградба од селото Т’лминци до селото Градец.

Како што било пријавено во полициската станица во Крива Паланка, несреќата се случила на 14. ноември кога 43-годишниот возач изгубил контрола над товарното моторно возило „ман“.

Во тие моменти, тој скокнал од камионот и се здобил со тешки повреди. Набрзо била повикана брза помош и кумановскиот возач бил пренесен во болница.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Крива Паланка./Makfax

Спонзорирано: