20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во израелските напади на Газа загинале 34 Палестинци, над 100 се повредени

Триесет и четири палестински жители загинале, а 111 се повредени во нападите на Израел врз Појасот Газа, објави „Донија Ал-Ватан“ повикувајќи се на Министерството за здравство на енклавата.

Една куќа е уништена и осум Арапи, членови на едно семејство, загинаа во воздушен напад на градот Деир ал-Балах. Според палестинската страна, меѓу загинатите има жени и деца.

Палестинските групи и израелската армија разменуваат напади во последните два дена по убиството на командантот на бригадите „Ал-Кудс“, Баха Абу ал-Ата, заедно со неговата сопруга, во напад на Појасот Газа. Покрај тоа, повредени се пет лица, меѓу кои и четири деца.

Повеќе од 400 проектили и минофрлачки гранати се исфрлени на израелската територија од Газа за два дена. Израелските војници нападнаа десетици цели, пред сè, инсталации што им припаѓаат на радикалите.

Договорот за прекин на огнот беше постигнат синоќа благодарение на напорите на египетските посредници. Примирјето во Газа стапи во сила во 5.30 часот по локално време, што го потврди портпаролот на палестинскиот Исламски џихад, Мусаб ал-Бураим, пренесува новинската агенција „Маан“./Makfax

Спонзорирано: